Прославуваме 15 години

🎉 ОФИЦИЈАЛНО ЈА СЛАВИМЕ НАШАТА 15-ГОДИШНИНА. 15 ГОДИНИ MELANCHOLIC PUNK AND STILL COUNTING! 🎉

* Приказната за овој бенд започна точно овој месец, пред 15 години, со сосема друга екипа и име. Немавме никаков план ниту идеја дека ќе стигнеме до тука. Единственото нешто што не движеше напред овие години е енергијата и љубовта. Имавме многу концерти, многу различни искуства, сретнавме стотици прекрасни луѓе... а сето тоа благодарение на музиката. Би сакале да ви се заблагодариме од срце за вашата поддршка! Вие сте единствената причина што оваа приказна сè уште трае! *

🔥 По повод 15-годишнината направивме специјална и многу лимитирана едиција на маички, специјално и првенствено достапна за нашите локални пријатели 🔥

За да нарачате пратете ни порака во Inbox, на Facebook со следните детали:

• Боја на маичка (сина, бордо, бела)
• Големина на маичка (S, M, L, XL)
• Име и презиме
• Телефон
• Адреса

Цената на маичките е 600 МКД со вклучена достава до вашата врата! Плаќањето се извршува при преземање на маичките.

* Побрзајте да нарачате. Овие маички ќе бидат последните од ваков вид, бидејќи од следната година имаме план да направиме некои промени... stay tuned ;)

NxPx_15-1

NxPx_15-2

NxPx_15-3c