Author Archives: webmaestro

🎉 ОФИЦИЈАЛНО ЈА СЛАВИМЕ НАШАТА 15-ГОДИШНИНА. 15 ГОДИНИ MELANCHOLIC PUNK AND STILL COUNTING! 🎉

* Приказната за овој бенд започна точно овој месец, пред 15 години, со сосема друга екипа и име. Немавме никаков план ниту идеја дека ќе стигнеме до тука. Единственото нешто што не движеше напред овие години е енергијата и љубовта. Имавме многу концерти, многу различни искуства, сретнавме стотици прекрасни луѓе... а сето тоа благодарение на музиката. Би сакале да ви се заблагодариме од срце за вашата поддршка! Вие сте единствената причина што оваа приказна сè уште трае! *

🔥 По повод 15-годишнината направивме специјална и многу лимитирана едиција на маички, специјално и првенствено достапна за нашите локални пријатели 🔥

За да нарачате пратете ни порака во Inbox, на Facebook со следните детали:

• Боја на маичка (сина, бордо, бела)
• Големина на маичка (S, M, L, XL)
• Име и презиме
• Телефон
• Адреса

Цената на маичките е 600 МКД со вклучена достава до вашата врата! Плаќањето се извршува при преземање на маичките.

* Побрзајте да нарачате. Овие маички ќе бидат последните од ваков вид, бидејќи од следната година имаме план да направиме некои промени... stay tuned ;)

NxPx_15-1

NxPx_15-2

NxPx_15-3c

Официјално соопштение до медиуми (или тоа што остана од нив:)

Новиот Почеток на нова европска турнеја

Новиот Почеток овој петок повторно заминуваат на приближно 13.000 km долг пат. Се работи за нова европска турнеја, петта по ред, насловена како "SORRY FOR THE MESS TOUR 2016", а истата е продолжување на ланската јунска турнеја каде го промовираа својот последен албум "Јас сум земја". Турнејата ќе опфати околу 40-тина концерти низ Србија, Словенија, Италија, Германија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Португалија, Чешка, Словачка и Австрија. Целосна листа на настапите е достапна овде. Бендот (се надева дека:) редовно ќе објавува дописи на својот веб-сајт.

sorryforthemess09-hor-demo030-web

• 07.10.2016 (Friday) @ Jazz Bar Centar, Belgrade, Serbia
• 08.10.2016 (Sat) @ DC, Novi Sad, Serbia
• 09.10.2016 (Sunday) @ Kavarna Ave, Ajdovscina, Slovenia
• 10.10.2016 (Mon) Udine / Trieste, Italy - AVAILABLE FOR BOOKING!
• 11.10.2016 (Tue) @ Inde Factory, Koper, Slovenia
• 12.10.2016 (Wed) @ Casa Gorizia, Milan, Italy
• 13.10.2016 (Thu) @ Rocknroll Bar, Ludwigsburg, Germany
• 14.10.2016 (Friday) @ Esperanza, Schwabisch Gmund, Germany
• 15.10.2016 (Sat) @Stadtteilzentrum Gasparitsch, Stuttgart, Germany
• 16.10.2016 (Sunday) @ Bändruum, Lüchingen, Switzerland
• 17.10.2016 (Mon) / @ 648 cafe, Marcellaz, France
• 18.10.2016 (Tue) @ La Borie squat, Saint Jean Du Gard, France
• 19.10.2016 (Wed) @ Le Royal Occupé, Montpellier, France
• 20.10.2016 (Thu) @ Les 9 Salopards Marseille, France
• 21.10.2016 (Friday) @ Yasta Hospitalet de l'Infant, Tarragona, Spain
• 22.10.2016 (Sat) @ TBA, Valencia, Spain
• 23.10.2016 (Sunday) @ Shambhala Oporto, Madrid, Spain
• 24.10.2016 (Mon) day off, Spain
• 25.10.2016 (Tue) @ TBA, Lisbon, Portugal
• 26.10.2016 (Wed) @ TBA, Porto, Portugal
• 27.10.2016 (Thu) Ourense, Spain - tbc
• 28.10.2016 (Friday) @ Llar El Mataderu, Pola de Siero, Spain
• 29.10.2016 (Sat) @ La Locomotive, Bilbao, Spain
• 30.10.2016 (Sunday) Sestao, Spain - tbc
• 31.10.2016 (Mon) @ Txarraska, Basauri, Spain
• 01.11.2016 (Tue) @ TBA, Ambert, France
• 02.11.2016 (Wed) @ La Trapper, Roybon, France
• 03.11.2016 (Thu) @ Horstklub, Kreuzlingen, Switzerland
• 04.11.2016 (Friday) @ Hirsch Lindenberg, Buchloe, Germany
• 05.11.2016 (Sat) @ Juze Plochingen, Plochingen, Germany
• 06.11.2016 (Sunday) @ Keller Perle, Würzburg, Germany
• 07.11.2016 (Mon) day off, Germany
• 08.11.2016 (Tue) Berlin, Germany - tbc
• 09.11.2016 (Wed) @ Subway To Peter, Chemnitz, Germany
• 10.11.2016 (Thu) @ Cafe na Pul Cesti, Prague, Czech Republic
• 11.11.2016 (Friday) @ Garden Pub, Trnava, Slovakia
• 12.11.2016 (Sat) @ Venster 99, Vienna, Austria
• 13.11.2016 (Sunday) @ Dvorana Gustaf Pekarna, Maribor, Slovenia

Линк до Facebook event

np-2016-small

Штотуку излезе песната "Карма" - нова и воедно прва официјална колаборација помеѓу панк рок диносаурусот Ѓоко Зафировски - Шон (алијас Нема Лабаво) и Новиот Почеток, по дoолги години пријателство :)