Melancholic European Tour

Будење во Timisoara. Градот за среќа ја оправда Романија:) Од таму, се упативме накај Суботица, меѓувремено дознавајќи дека концертот во Pecs, Унгарија е откажан :(. Суботица ни беше како pit stop.. не најадоа, напоија, напија (медовача, рузмариновача, јабуковача  и све вача...). Упознали смо највечи панкер на Балкану који не нас сместио на нјегови под, из где изаџе цел нјегови рад (кликни за септик арт ту). Феноменалан лик. У главно у Суботици смо били као код доми, кучи. Следује маџарска јебена граница, где смо мало соблекле гачице. Није лошо било. На неко је и то било јако добро. Уз-пут, застанавме во Братислава, купивме по некој хотел, и сретнавме куче со рака во уста:

Нашата сакана трпезарија беше распослана во центарскиот парк, каде што испоштувавме некоја тегла ајвар со кисели краставички. Да се знае дека дошле античките сеМаЌедонци! Откога прошетавме се упативме за Valasske Mezirici, Чешка Република, а таму ледените срца ги скршија нашите топли балкански души. Беше минус неколку целзиусови. Но, тоа нема врска со нивото на тестостерон кое се зголемуваше. Концертот беше супер, а поучен од Пецехикс, кажав два три полски вицови на чешки. Таму го сретнавме и Fat Mike.

Другиот концерт во Чешка Република (Ceske Budejovice) беше можда еден од поуспешните концерти на турнејава. Она што е добро со малите места е тоа дека луѓето знаат максимално да се забавуваат. Секогаш се опуштени, знаат да направат атмосфера и да те пречекаат како човек.

ШВАБИШ ГМУНД. THE ГМУНД OF THE ШВАБИШ, ДОИЧЛАНД. Патот кој долго го чекавме. Уште еден независен младински културен центар каков што Скопје нема. Два дена во Швабиш Гмунд се како 1 година на Марс... Вака некако изгледаше забавата во Германија и последиците од неа. Тотален панк, не? :)

Тргнавме надолу и наминавме до Минхен. Наминавме и до Љубљана. Како што смо се спустали надоле, почели смо да прихфатамо реалност Балкану. АКЦ Медика у Загребу је сквот где смо свирали са другарима из Фрактура Мозга. Концерт је бил право лудило, а афтер-парти је завршио брутално по свих чланака. Разлетале су неколико флаше, неке панкерке су испишкали под, повратили црева  и покакали ходнику. У јутро смо сме разбудили и чудно, но, сви су били живи и целосни. Тако, наставили смо са турнеју кон Београду. Бегиша волимо и свирамо тречи пут. Клуб Фест је врло љеп клуб и коначно смо појели нешто као би се осетили да смо опет на Балкану...

Синоч је био и последни концерт у Нови Сад, а ночас смо појели и послједни индекс за 2012 година. Вечерва со краток 20-минутен сет ќе бидеме дел од Пин конференцијата во Вардар 1. Тоа ќе биде најава и мало загревање за концертот во МКЦ по повод 10-годишнината од оформувањето на бендот, за кој веќе претпоставувам дека знаете? :)

Се гледаме на 15-ти декември?

По лудата авантура кај господинот Митко Веганов (за кој што доживотно ќе сведочиме за неговото "постоење") заедно со другарите од Melekh тргнавме на пат кон Пловдив. Уште нестапнати, бевме топло пречекани од промотерите таму. За кратко се појави првиот бенд - навидум обични 17-годишни клинци со емо фризурчиња и женски вокал.. но всушност се работеше за страшно-спремен бенд што буквално искина со својот сценски настап и свирење.. слушнав и дека настапиле на некој локален натпреварувачки фестивал и победиле дупло постари колеги од нив.. Се надевам дека некој ќе ги пронајде или уште подобро - самите ќе сфатат дека не треба да се откажат никогаш, а нема да ги убие реалноста дека живеат на балканот. Нејсе, нашиот црн пријател од Нигерија - Борјан - за прв пат исчезна овде. Мислев дека ќе го изгубиме уште во Софија, но не, тоа се случи прв пат дури во вториот ден (way to go nigga.). ТУКА ФАЛИ ДЕЛ ОД ТЕКСТОТ. Исчезнувањето под непознати околности заврши со појавување во вториот дел од концертот кога свиреа нашите пријатели - Melekh. Кога завршија, се качивме ние. Повторно исчезна. Стоевме така тројца неколку минути на стејџот, гледајќи се збунето и веќе размислувајќи да останеме тројка до крајот на турнејата. За среќа ги вежбавме песните и во таа формација. Верувавме дека се работи за кражба на органите и дека ќе се врати полу-жив... Во еден - веќе безнадежен момент - оп! се појави од темнината. Нашиот црн пријател од Нигерија - жив здрав и спремен за концерт - на стејџ :| Кој би можел да претпостави. Атмосферата на концертот помина одлично - направија да се чувствуваме како да свириме 10-ти пат таму! Промотерот ме потсети на Марко од Куманово.. Не пречека фино со ручек.. Дојде со девојка му, купија ЦД, купија маица, се забавуваа максимално и на крајот не сместија во неговиот топол дом.. Сабајлето не испрати со доручек. Некогаш се прашувам - да не беа таквите луѓе.. што ќе правеа бендовите?! Дали воопшто ќе можеа да прават турнеи?

Следен ден. Русе. Град близу до границата со Романија.
Не пречекува супер екипа која веќе ни ги знае песните :) Клубче - 8 х 8, а-ла модерно Браво со постери од DIO и Motorhead. Пред да почне концертот, јако се налупавме џанк фуд, да смениме малку од тоа чорбите и супите. Луѓево таму како да ги знаеме цел живот. Ни смислија и химна.. скандирање.. НОВИООООООООООТ ПОЧЕТООООООООООООК, НОВИОООООООООООТ ПОЧЕТООООООК. Дури и срам да те фати :) Нашиот црн пријател спремен се качи на стејџот и супер отсвиревме. После концертот на сите 4 бендови (Melekh, Last Remains, Overdawn и нели - ние), журката продолжи на афтер заедно со главната ѕвезда на вечерта - Михаела која беше најголем фан на сите 4 бендови.. т.е на сите бендови воопшто на светот. Михаела "не беше" под супстанци, а веќе се залепи на шипката во локалното барче, каде ја направи главната забава. Ние се обидовме да ја симнеме и да ја пријавиме на мајка и, но безнадежно. Текила. Тука станува интересно. Текила. Верувале или не, првата жртва беше нашиот дебел гитарист. За среќа, нејзиниот дечко веќе долги години е во затвор. Без гајле, дебел.

НОВИООООООООООТ ПОЧЕТООООООООООООК, НОВИОООООООООООТ ПОЧЕТООООООК. Ќе го памтиме тоа.. ќе биде добра причина пак да се вратиме во Русе. Се разбира и за Михаела. :)
Алек Screamo, фала ти и извини од името на Дени и Цацко за пријатниот мирис кој го нанесоа и вечно ќе остане на твојот килим!

Нов ден. Јас болен. Се будам во Романија. Знаев дека е сива, ама.. очекував посветло сиво. Не знаев дека бањарките низ улиците се главни во Романија. И кога мислиш дека нема чаре.. хостел. Wi-fi. Топла вода. Вода. Кревети... Wi-fi. Дремење. Вечерта влагаме во клубот под нас, а таму прв концерт на бендот што погрешно ги разбрал Fugazi. Многу погрешно ги разбрале. 20 мин. ги преживеавме и се качивме на стејџ пред нивните другари. Јас пеам без глас, и без монитори.. ама викаат било океј.. Ај ќе им верувам. Назад во хостелот. Wi-fi. Топла вода. Кревети. И.. една чудна.. азијатка? По нејзината посета на тоалетот, на неколку блока наоколу пиштеше сирената на противпожарната служба. Дури и радиоактивната супстанца на нашиот сакан Ниџо ака. Fat Cacko не може да се мери со нуклеарната биохемиска материја на азијатката. При неколку конверзации со нејзе, забележавме чудни звуци кои произлегуваа некаде од задниот дел, некаде под нејзината опашка. Сфативме дека е шпиун. Шпиун што се скрил во рокенрол хостел, таму каде што никогаш не би го ни барале.

Топло препорачуваме фалафел и shaorma ако идете во сивиот Букурешт. Други впечатоци.. well, not so much...

Вчера, пат до Темишвар. 600 километри. Тотално сум анти патриот, но нашите патишта се авио писти за овие од "Европава". И кога мислиш дека не може полошо - дожд. И кога мислиш дека не може полошо - магла. И кога мислиш дека не може полошо - 13 камиона пред нас. Некако, по долгиот пат, стигнавме во Темишвар. Нашиот црн пријател од Нигерија повторно исчезна...

ФОТКИ ОД КОНЦЕРТОТ ВО ПЛОВДИВ ТУКА.

(Акцентирањето на зборовите од овој текст е на вториот слог)

Тргнаме и стигнаме в София (сичко добре). Таму мошне интересантно. 5 бенда, супер клуб, и 100тина хора. Прв концерт на нашиот нов члан, приятелот од Нигерия - Борян. Васил извини, Дени те вара со Војдан (Љубов на далечина не може) но, се работи само за фелацио. (Дени повеќепати ме замоли да го тргнам овој дел од текстот бидејќи во моментов му се поделени чувствата. И го послушав.)

Начално, супер концерт и фини хора! Мерси до Љубен, For The Kids booking и другите бендови! После концертот един Passat на бицепс преместиме за да излезиме от паркингот. Го ставиме во една жива ограда. За среќа човеко остана само со дупнати гуми, искривен трап, скршен ретровизор и превртен брисач. Не бехме ние. Борјан му остави ливче кое гласеше: "Еми, каде я паркиравте вашта совест?"

Тргнаме да се сместиме на подот кај Митко Веганов познат како Контра (анархо-стрејт-еџ-веган-freegan- diy-дечко) за кој дека е контра сфативме и по сообраќајните знаци :) Кај него имаше малку секрети и измет од Арсен (кучето) и двете мачки (Мацмац и Мацмац). Бевме сведоци на една сексуална авантура (за коя имаме и видео запис) на Мацмац и Мацмац, коя "добро" заврши насекаде :) Нејсе, Митко е добар човек и merci што не прими во својот дом! Фала и за веган храната! На Војдан му се допадна најповеќе.

Малку подоцна, некои од нас (по свилените момчета) бевме приморани да прилегнеме во комбето. Заборавивме само дека не е јули. Во комбето беше толку топло што Војдан се покри само со пешкир. Турнея во ноември препорачувам само доколку сте руси и патувате со приколка вотка. Мамо фала што ми рече да я земам дебелата якна... и однеси я мачката на лекар, болна е.

Сабајле кога станавме сфативме дека е се супер, за разлика од несреќата на некои луѓе (на пример сопственикот на Passat-от). Сега стигнавме во Пловдив со другарите од Melekh. Кој знае што е следно...  :)

Фотки наскоро на facebook. Фотки от концертот тука.