Текстови

Jas sum zemja (2015)Melancholic Machine (2012)Agnozija (2009)Evolucijata bi trebalo da zapochne sega... (2006)

ЈАС СУМ ЗЕМЈА (2015)

Јади од лешот свој

Го извадив семето,
пред да израсне.
Го поздравив сонцето,
пред да изгасне.
Му зборував на небото,
но, глувонемо е.
Стоев меѓу живите,
а, во земја бев.

Јадев од лешот свој,
се нахранив со смрт.
Се заробив во животот,
на челото со прст.
Се тетеравев,
месото умртве,
лешинарите ги нахранив.
Вечно проколнати.

Јадев од лешот свој,
се намачкав со крв.
Посочив на живите,
и ги полив со смрт.
Шминка размачкана,
маска насмеана.
Јадев од лешот свој,
сега живеам...

Сега јади од лешот свој,
намачкај се со крв.
Посочи на живите…

Jади од лешот свој,
намачкај се со крв.
Посочи на живите,
полиј ги со смрт.
Краватата те стега,
таа те освои,
часовникот го гледаш,
тој те зароби.

Јас сум земја

Од утрово, ме нема повеќе.
Сите птици црни се над мојот споменик.
Кал од дождот, сиво небо над мене.
Така почвата се храни,
кога црви лечат рани.
Сега отровот од земја излага.
Се претворам во пепел...

Од утрово, ме нема повеќе.
Сите птици црни се
над споменикот.

Од утрово, заборави на мене,
продолжи понатаму.
Јас сум земја.

Од утрово, ме нема повеќе.
Сите птици црни се
над споменикот

Од утрово, заборави на мене,
продолжи понатаму.
Јас сум земја.

Отров

Просечен ден,
сив и обичен.
Во гробот твој
оставени спомени.
Но, заглавен сум јас во нив.
Се закопав внатре жив.

Отров ти ми даде,
клетва гризе јаде.
Плукам црви, се давам.
Не можам повеќе да страдам.

Просечна ноќ,
во пепел се обвивам.
Зрак од свеќата,
раце прекрстувам.
Сега ги полнам градите
и слушам како шепотиш.

Отров ти ми даде,
клетва гризе јаде.
Плукам црви, се давам.
Не можам повеќе да страдам.

Стаклената градина

Да ги измиеш рацете не можеш,
зад себе да погледнеш не смееш.
Во душа на труло ти мириса,
поетска тага за болката.

На прагот стоиш, не преоѓаш.
Во темнина газиш, не постоиш.
Тивко и полека скапуваш,
отровот тивко те умртвува.

На нозете окови.
Што ли сега направи?
Го повлече орозот,
засекогаш изгуби.

Нозете крвави,
по трња и коприви
газиш неспокоен,
засекогаш изгубен.

На прагот стоиш, не преоѓаш.
Во темнина газиш, не постоиш.
Тивко и полека скапуваш,
отровот тивко те умртвува.

Агнонични напади.
Што ли сега направи?
Прагот е проколнат
и нема назад сега,
и нема назад сега,
и нема назад сега
во стаклената градина.

За неа

Сонцето ќе изгасне,
земјата ќе пропадне.
Тогаш ќе ги изброиш
капките од морето.
Животот ќе заврши,
светот цел ќе пропадне
и во мирен мрак
љубовта ќе остане.

Ти оставам лист со зборови,
никогаш да не заборавиш,
да те топли и чува
ако не сум тука.
Ти оставам и спомени,
чувства припитомени,
и, ако умрам пред тебе,
само тогаш пак ќе те повредам.

Ова е
мојот манифест.
Ова е мојот збор,
завет против светиот.
Бел лист со зборови,
да не заборавиш…

Ова е
мојот манифест.
Ова е мојот збор,
завет против светиот.
Бел лист со зборови...
да не заборавиш…

Пропаѓа

Пропаѓа,
светот околу нив е мрачна
урнатина, не можат да се соочат.
Болката, сега посилна од сè ги сече
како нож, време е да се збогува...

Невера,
сомнеж, копнеж, омраза и каење,
ноќно тивко бдеење.
„Убиј ме“, секогаш тивко шепоти.
Таа тагува,
сè се врти и враќа наназад.

Нежно го погали
и исчезна
зад времето, во правта, пепелта.

Тој се буди утрото,
тaа исчезната,
без траги и без глас.
Крвава постела...

Резерватот

Пробав да сочувствувам со мртвите на земјата,
тие што немаат сјај во очите.
Пробав да се чувствувам ко луѓето со насмевка
и да носам кловновска облека.

Пробав да се чувствувам ко пиле што пролетува,
веднаш ми ги исекоа крилјата.
Пробав да ги допрам чепнам небото и звездите,
ми рекоа дека сум многу мал, неважен.

Но, сонцето е надвор секој ден,
сјае низ решетките.
Во келија, гол без облека.
Гилотина гледам, ме чека крајот.

Пробав да сочувствувам со мртвите на земјата,
тие што немаат сјај во очите.
Пробав да ги допрам чепнам небото и звездите,
ми рекоа дека сум многу мал, неважен.

Но, сонцето е надвор секој ден,
сјае низ решетките.
Во келија, гол без облека.
Гилотина гледам, ме чека крајот.

О, oва мало гнездо,
сега ми е тесно,
немам крилја, да полетам.
И, веќе толку долго,
тонам без да пловам,
со мала надеж за промена.
И, веќе нема ништо,
во раката фиктивен пиштол,
насочен кон себе… плачење…
И, сонам и се гушам,
тврдината да ја срушам.

Да излезам,
да се родам пак,
нозете цврсто да чекорат.
Да продоложам,
да постојам,
да возвратам силно на ударот.

Не заборавам
на звукот на птиците.
Топлиот смрдлив здив на улиците.
Не заборавам,
на зракот на сонцето,
таму каде е слободно срцето.

Не заборавам
на звукот на птиците.
Топлиот смрдлив здив на улиците.
Не заборавам,
на зракот на сонцето.
Денот доаѓа,
последниот извик „слобода“.

Утопија

Откако добивме слобода,
немам душевна клаустрофобија.
Да се пожалам јас не можам.
Државата мала процвета,
сè е во најдобар ред.
Утопија, сите слободно зборуваат.

Етнички респект и мир,
слободни медиуми.
Здравство како Норвешка,
Устав ко Швајцарија.
Секој има три деца,
никој нигде не оди.
Многу ни е убаво.

Економијата позитивно распука.
Зборот хомофобија е непознат
и со нога сме во Европа.
Истата постојано ни завидува.

Секој плаќа даноци,
сите сме христијани (освен оние кои не се).
Градиме болници,
немаме бездомници.
Нема лоши закони
зошто сме бунтовници.
Линчуваме корумпирани.

Откако добивме слобода,
немам душевна клаустрофобија.
Да се пожалам јас не можам.

Патриоти сите сме,
антички сме граѓани.
Во спална нема камери.
Влада никад не греши,
толерира критика,
веднаш си се поправа…

Осамените

Цинични мртовци, насмевки пластични,
фиктивни мали бајки розови.
Трајна среќа од милион долари
зад затворени прозори.

Таа се предаде, не се ни бранеше,
битката однапред ја загуби.
Шминка размачкана, соништа скршени
за овие суштества совршени.

Златни окови, нечисти гревови,
насмевки бледи изопачени.
Внатре во дворецот на најадените
живеат среќно тие, осамените.

Солзи вријат, пред да спијат.
Венеат но апетитот поголем
од ден на ден,
во розов живот заробен,
празен, осамен.

Таа се предаде, не се ни бранеше,
битката однапред ја загуби.
Шминка размачкана, соништа скршени
за овие суштества совршени.

Солзи вријат, пред да спијат.
Венеат но апетитот поголем
од ден на ден,
во розов живот заробен,
празен, осамен.

Сè што знам, сè што сум чул
не е важно на самиот крај.
Само пепел и прав, останува
на крајот од мојата патека.

Како што одам по патеката,
не сум сигурен јас повеќе,
дали ова е реалноста
ил’ уште една бесмисленост залудна.

Никогаш не престанав,
не се ни откажав.
Тука сум до самиот крај,
до пепел и прав.

Паралелни светови

Ние сме паралелни светови.
Ние сме паралелни светови.
Материја и антиматерија.

Ние сме паралелни светови.
Контрасти различни сме јас и ти.
Како протон и електрон посебни.
Осамени, во различни димензии.

Ние сме паралелни светови.
Материја и антиматерија.

Ние сме паралелни светови.
Контрасти различни сме јас и ти.
Како протон и електрон посебни.
Осамени, во различни димензии.

Ние сме паралелни светови.
Ние сме паралелни светови.
Ние сме паралелни светови.

98%

98%! Тие се 98%! А, ние сме 2.
Нивно е сега сè, ние празно сонуваме за промена.
Сè ќе уништат, сè ќе разрушат во твојот град.
Разбуди се веднаш, ова е последна опомена.

98%! Тие се 98%! А, ние сме 2.
Купија се, изнудија несреќна насмевка.
Градот крвари, сите се несреќни.
Молк и страв, никој не зборува.
Разбуди се веднаш, ова е последна опомена.

MELANCHOLIC MACHINE (2012)

Допир

Види ме мене каде сум oткога те запознав не сум повеќе нормален. Ме оставаш без здив и без зборови само кога ќе застанеш до мене. Чудна состојба, лажен аларм, сакам да те допрам... умирам за да те допрам... Ќе се каеш ли некогаш ти, ако патиштата ни се разминат? Си играш со мене... а јас не играм со тебе... робови на љубов и омраза. Спокојна насмевка, ме pогледнуваш... но, никогаш не знам што чувствуваш. Ме чувствуваш ли сега? Преку стаклото? Посакуваш ли да исчезне? Само едно знам сигурно - не можам да издржам... не можам повеќе да издржам... Уште колку ли треба да чекам? За тебе би ја чекал и вечноста. Среќна ли си? Ме чувствуваш ли во себе... или лажно се надевам? Во овој материјален свет нема ништо искрено, само мојата љубов кон тебе...Само сакам да те допрам... умирам за да те допрам. Си играш со мене... а јас не играм со тебе... робови на љубов и омраза. Спокојна насмевка, ме pогледнуваш... но, никогаш не знам што чувствуваш.

Години подоцна...

“Времето полека не убива” - така викаше еден пријател мој, никогаш не го заборавив. Сликите остануваат но лицата се менуваат... колку само ебено брзо проаѓа времето... Нино забега на роба, Дени е во некоја самоубиствена секта, Геровски го бара целиот град (сакаат да го убијат). Фичо е сега коцкар... Васко е веќе разведен...Дали само јас останав различен? Обратно од ебено абнормален? Оваа лента на автоматизација не одведе во гроб, но јас сеуште живеам. Томче продава дрога, Виктор загина во војна... Загина за ебената држава, а не за својата фамилија (како што мислеше). Ана и Ива се курваат, на татко им фирмата пропадна. Дали само јас останав различен? Обратно од ебено абнормален? Оваа лента на автоматизација не одведе во гроб... не одведе во гроб. Но јас сеуште живеам.

Надреални приказни

Воздушни летала над главата моја пак. Надреални приказни во моите замисли. Непостоечка иднина, страшна инсомниа. Надреална фикција, во мојата “адикција”. Тоа си ти, само ти, само ти ги знаеш моите намери а јас не... и крај, ова е крај на мојот напор да те освојам како ли само да престанам...? Далечни спомени, ненадејни промени. Овој ден е мамурен, овој ден е многу сив. Без тебе, само ти... само ти ги знаеш моите намери а јас не... и крај, ова е крај на мојот напор да те освојам како ли само да престанам...? Како ли само да престанам?

Секогаш твој пријател

Пријатели, познаници, оваа песна е за вас. Триаголници, Дон Перињон-и, пудлици, Ленинова... тенис мечеви, добри возила и скапи очила... Мики и КИМ, Бонго Кола™, бамбус сокчиња... немање пари, дремење пред ко0перација... дрогирање, начукување, паѓање во кома... Секогаш тука за тебе на средина, секаде. Коктели, миксови, Зоки еден™, два™ и три™... самоубиства™, геј прајд-ови™, и нуклеарни станици™... темни улици, тешки шанкови и “изгрејсонциња” не фаќаат, добро утро, добар ден (добар ден). Секогаш тука за тебе, секогаш тука сум некаде, секогаш твој пријател.

Таму живеам

Во делириум од идеи пливаме секогаш. Атоми на омраза, во оваа одмазда... Растргнати на патот помеѓу ултра левица и десница... Сакам да го победам гневот, хендикепиран сум, не можам. Секогаш нешто чекам, никогаш не дочекувам. Судбина и немам, не се предавам. “Ќе биде подобро, ќе биде поубаво” - секогаш наивно верувам, сега кревам среден прст. Апатија, средното име на мојот комшија, секогаш проколнат. Во земјата на проколнатите, во бесконечна транзиција - таму живеам... ме заробија вечно, отцепен од светот. Апатија, средното име на мојот комшија, секогаш проколнат. Во земјата на проколнатите, во бесконечна транзиција - таму ивеам... ме заробија вечно, отцепен од светот.

Новела

Лисјата повторно паѓаат, ги бројам деновите. Овде отстапувам, заборавам, оставам, за тебе се завршува трагично. Ништо не ми кажувај за крај. Како да се борам сам со себе... Последни зборови, неутешителни. Баш го посеруваш секој мал момент, секој убав миг. Кога гледаш во огледало, нема ништо во него. Сега еве стигнавме на крај. Како да си зборам сам со себе. И сега знам, иако те знам, пред тебе непотребно виновен сега се исповедам. И сега знам, овде завршува се што било некогаш или не било никогаш? Ме гледаш ли? Сега се е залудно. Ме слушаш ли? Ништо не е праведно. И сега знам, иако те знам, пред тебе непотребно виновен сега се исповедам. И сега знам, овде завршува се што било некогаш или не било никогаш? Јас по тебе, јас за тебе... не се двоумам... јас по тебе, јас за тебе... за тебе...

Милион прашања

Еј кажи ми ти, зошто постоиш? Милион прашања без одговори. Истите тие секој час, од ден на ден ги поставувам на секого и секаде. Сега повторно јас, ништо ново не кажувам, истите луге секој ден ги запрашувам. Еквилибриум-да! Движечки-не! 20 века наназад – таму сме некаде. Оаза на мир, без промени. Парадоксaлен крај, вечни спомени... Што сакав да кажам заборавив? Милион прашања без одговори. Без одговори.

Сопствена пародија

Често одам сам со насмевка на мојата маска, a и немам срам од вистинската лузна да ја покажам. По улицата сиви надвиснати дрвја, јас сум нивен роб, а би сакал да видам небо, јас да се ситам на сивилото... Ако можам да кажам тогаш сигурно се лажам зошто јас сум сопствена пародија, јас сум ебена нус појава. Стојам цврсто, кога газат врз мене не ме боли. Одам по вода и ни оган неможе да ме изгори. “Пепел во пепел” и “прав во прав” сега ме води. Глава во торба и самоубиствен нагон, полни со омраза протони... Ако можам да кажам тогаш сигурно се лажам зошто јас сум сопствена пародија, јас сум ебена нус појава... на моите родители омилената нус појава... јас сум сопствена пародија. На зградите цврсти решетки. Излези и помирисај го бетонскиот здив. Порано бев човек јас. Порано беше човек и ти... Ако можам да кажам тогаш сигурно се лажам зошто денес се чувствувам подобро и знам.. знам. Јас сум сопствена пародија, јас сум ебена нус појава... на моите родители омилената нус појава... јас сум сопствена пародија. Јас сум сопствена пародија. Јас сум сопствена пародија.

Машина

Машината е вклучена, немаш време ти да размислиш. Кој ли има време да троши денес, кога времето се смета во пари? А на пари има дефицит. Еден ќе остане да стои кога музиката ќе запре столчињата ќе бидат зафатени. Полициска држава, парадигма веќе постечка, а медиумите го кажуваат она што сакаат да го чуеш. Те лажат секој ден, преферираш да им веруваш, се гушиш во толпата. Ти се допаѓа контролата. Машината е вклучена, малку време имаш да размислиш... Ти и Хитлер би го изгласал, “Мојата борба” ти е омилена. А aпатијата те убива... Владата ти е “најсвета”, а ти продава лажна среќа... Те купува со човечки производи. Полициска држава, парадигма веќе постечка, а медиумите го кажуваат она што сакаат да го чуеш. Те лажат секој ден, преферираш да им веруваш, се гушиш во толпата. Ти се допаѓа контролата. Сакам да го разбудам твојот револт. Сакам да го сменам лицето на земјата. Сакам да станеш од кома. Сакам се да гори. Ја сакам твојата омраза. Сакам да стоиме рамо до рамо. Заедно, сите еднакви. Ова е реалност. Ми треба твојата рака сега... Расизам,нацизам. Лажен патриотизам. Силикони, абортус, шовинизам и сексизам Хомофобија, страв, беда и контрола. Закон за дрога, закон за алкохол. Закон за дишење. Закон за недишење. Закон за мислење. Закон за немислење. Закон за ебење. Закон за не-ебење. Ми треба твојата рака сега! Ми треба твојата рака сега! Полициска држава, парадигма веќе постечка, а медиумите го кажуваат она што сакаат да го чуеш. Те лажат секој ден, преферираш да им веруваш, се гушиш во толпата. Ти се допаѓа контролата. Сега кажи ми каде е жолтата линија? Дали и ти си надвор од неа, или внатре во машината?

Аматер

Кажи ми, си го гледал ли мојот филм? Можеш да се пронајдеш и во сопствена режија. Но, погоди што - на крајот секогаш победува позитивниот лик. Внимателно, го претставувам негативецот. Инвазија на ликови од парадоксална аматерска библија... Акција, камера, секогаш аматер.

Посмртен марш

Канделабрите паѓаат. Свесно потпишуваш капитулација. Улиците горат пак, о, колку прекрасна ноќ! Голем брат, скриена камера. Твоја изопачена намера. Клаустрофобичен сум, се сафросав! Целиот живот ме лажат дека живеам... затоа вечерва сите ќе горите. Последна молитва. Пекол на земјата. Ова е пекол на земјата, и сега одбројувам... Ова е крај, и нема рај, ќе горите засекогаш, молитвата е залудна. Само милион долари, плата на оркестарот од гробари. Свират посмртен марш. Свират за последен пат. Агонија во иронија... блуд, страв, дисхармонија. Оган и пламен го гори селото, а и бабата изгоре со него. Последна молитва, пекол на земјата. Ова е пекол на земјата, и сега одбројувам... Ова е крај, вашиот крај. Ќе горите засекогаш, штотуку ве закопав.

Булимија

Нема да пишувам повеќе за тебе... ова е последно, финално. Се лажам пак. Траги изгубени, соништа далечни, секогаш несреќни, такви сме јас и ти. Одамна веќе не знам дали постоиш. Нема да зборувам повеќе за тебе... ова е последно, финално. Се лажам пак. Празни спомени, знаци и насмевки, безвременски моменти, чудни зборови. Одамна веќе не знам – постоеше ли ти? И сега пред да заминеш, последен пат зборувај ми немаше никогаш јас и ти. Само празни зборови, кршење на слогови, а неми сме и немаме глас, вриштиме во тишина. Никогаш не пробавме, ништо и немавме, секогаш преблиску, никогаш премногу. Одамна ја изгубив храброста, и само надежта ме роколна. Билет во еден правец, сега одиш што подалеку од мене... од мене. Заробени во дупката на времето, изгубени во просторот, а ништо не постои... Нема пишувам повеќе за тебе, нема за зборувам повеќе, ова е последно, ова е финално, нема да пишувам повеќе. Никогаш повеќе, никогаш повеќе, нема да пишувам за тебе. Нема да борувам... се лажам пак. Ова се е за тебе.

Епилог

Почитувани дами и господа, граѓани на Република Македонија, градејќи ги своите визии врз историските корени на конзервативната, диктаторска, ултра-христијанска, националистичко-фашизоидно-шовинистичка, лажно-патриотска, ултра десничарска, расистичка, сексистичка, хомофобична, анти-предавничка, и ултра-тоталитаристичка мисла, ви ја презентираме нашата болна, садо-мазохистичка, брутално-самоубиствена, деградирачка, и кретеноидска програма за овие избори... Ако не сте со нас сте опозиција, ако сте против нас, ќе ви ги силуваме жените, децата, сестрите, ако ги немате ќе ви ги направиме, ако ги направиме, пак ќе ги силуваме и нив, и вас, и сите... ако се спротивставите или дадете отпор, ќе ве сотреме како мали инсекти, ќе ве уништиме, масакрираме, ќе ве силуваме.....

Ролеркостер

Во трета деценија имам само баркод, запечатена лузна, отворена рана и недвижечки крвоток. Ме закопуваат а штотуку се родив жив. Не успеав да докажам дека не сум крив... за сите грешки што ги направија моите идни потомци. Се трудам да се борам против мали непостоечки зелени суштества во невидливите логори. Клише непријател пронајди-уништи. Мисија заврши. Успешно ве освоивме вас. Сега сте под нас... Можеби премногу барам но премалку добивам. Ставам глава во торба и чекам да го преживеам ролеркостерот на животот во овој смрдлив град, немам иднина, немам ништо, само сакам да се расплачам... Мисија заврши. Успешно плачеме. Излетувам, ме нема повеќе. Брза помош пристигнува. Се слуша твојата молитва. Ме закопуваат, штотуку роден жив, загинав без опсебна причина. Ова е мојот крај.

АГНОЗИЈА (2009)

Последна есен

Листовите од дрвјата тивко паѓаат на мојата улица... времето полека проаѓа и не убива... незнаеш кога ќе те снема, па помини го овој ден најдобро што можеш.

Парада

Во духот на секојдневната традиција нема промена тврдокорна квази-културна неприродност и уште повеќе... парадирање со чувства на несигурност, купување на твојот глас, и евтин излез – самоубиство, лоши времиња... Парада на глупаци со спротивни мислења, нееднакви пристапи, но исти крајности, човекот создава за да уништи се што му стои на пат... војна за мир, работа за одмор, ден за ден, еден по еден. Парада на кретени, покори се, застани, немаш капацитет, не размислувај... остани заглавен во свежиот бетон во вечните векови. не сакам паради, одбивам да потонам, сакам да имам – но несакам да изгубам. Мрачни времиња, уште помрачни ликови, во светиот свет на злите духови... во рацете ја држам мојата сопствена иднина. Луди научници, празноглави војници, фрлете поглед во вредноста на животот.

Агнозија

Пробав да им објаснам, зошто сум тука залутан, им реков тука сум јас со причина. Сакав да им покажам, на светот да му докажам, дека земјата се врти и е округла. Не ми веруваа премногу, мислеа јас сум забеган, моите зборови ги исмејуваа. Ме врзаа со јаже, Околу врат, и на плоштад,се собраа да ме обесат. Јас си седев така мирен, и го чекав џелатот, да ја одреди мојата судбина. Лугето ме гледаа, и злобно и се смееа, на мојата бесмислица. Пробав да им објаснам, дека сум пророк небесен, и дека сум тука да ги просветлам. Сите грешни синови, во пекол не-заминати, нивните души од гомна да ги извадам. Не ми веруваа премногу, мислеа јас сум забеган, моите зборови ги исмејуваа. Па ме ставија на крст, полека ме убиваа, и не успеав да им помогнам. Потоа изградија храмови, и многу споменици, почнаа моето име да го слават. Храмовите станаа банкомати, и се наполнија со пари, од мојата милостина. Пробувам да им објаснам дека е 21ви век, и еволуција на ум започнува. Светот не оди во прогрес, туку оди наназад... и се “у пичку матер и у курац”. Тестови врз животни, веронаука во школите, и нафтена војна во Ирак. Правење пари на туѓ грб, убивања без причина, враќање кон примитивизам. Страв и мразење насекаде, општествени предизвици.. ова е свет без морални вредности. И пред да дојде мојот крај, и ‘отидам јас во рај‘, барем знам, сум се потрудил да допрам до твојот ум.

Твојот мачо

Претставничка на навидум човечко суштество, претставник на понежниот пол, посветлата страна на секој од нас, дали за тебе претставува цел? До каде е развиена твојата совест? Преку кур ми е од фаци како тебе. Без никакви вредности, и без никаква емоција, за тебе жената претставува само “дупка” и “цел”. Не личиш ниту на човечко суштество, - Очигледно твојата свест се изгубила. Само негде да го ставиш ти е важно, зошто ли не го ставиш во лубеница? И ја пресечеш на пола... и ти и сите како тебе... или удавете се во вода... и престанете да го трошите воздухот. Што стана со љубовта? Дали сеуште некој ја чувствува? Што стана со овој свет? Колку од нас останаа со чувства и емоции? Па не нарекуваат со погрдни зборови затоа што знаеме да сакаме...

Роден во пустината без камења

Полн со фрустрации, полн со омраза и недоразбирања насмевка и циничност, за личност без малку самокритичност Потребна е морална поддршка за да ги срушиме бариерите меѓу нас. Нов месија е потребен, за да не спаси од тонење. Јас роден во пустината без камења... Овде сам седам, никој не ме гледа, никој не ме прашува кој сум што сум, зошто не сакам да бидам дел од пустината без камења, да се видам во морето без вода каде пливам и пливам и... Пливам и пливам и тонам и тонам... пливам и пливам и тонам и тонам... пливам и пливам и тонам и тонам... пливам и пливам и тонам и тонам... пливам и пливам и тонам. Полн си со омраза, предрасудата е твоја карактеристика за личноста која ја поседуваш. Твојот живот е капка во морето на безлични истомисленици.

Парализиран делириум

Културна, болна хегемонија, неможност за спас на средината... подобар свет, и подобра иднина оптимистичка дисилузија Центрираност на религиска невозможна догма... ние одлучуваме за нашата судбина. И не ни треба нам надприродното, за да ја бараме среќата. Не сакам да бидам дел од толпата, да ја следам патеката на лагата Што е вистина? На која историја да и верувам? Во парализиран делириум се наоѓам... Се наоѓам еве пак во празна мала соба неспособен за среќа, осуден на гнев толку омразен, ме тегнат надоле ме тераат да верувам во нивните лаги недоволно добро смислени... ЈАС НЕМАМ МИНАТО.... (делириум...) ЈАС НЕМАМ МИНАТО.... (делириум...) ЈАС НЕМАМ МИНАТО.... (делириум...) ЈАС НЕМАМ МИНАТО.... (делириум...)

Мојот Хардкор Пријател

Принципи и цврсти ставови градат карактер за твојата индивидуа.. лојалност, неизневерување, пријателство, култура, братство, еднаквост?! Ова е за тебе мој ‘хардкор‘ пријателе, ти забив нож во грб зошто сакав да ти спасам гз! Можеби од принципиелноста не согледуваш реално? Овде не си потребен, некогаш ми беше френд, иако те сакав јас, ти си човек со принципи и НИКОГАШ ‘хардкор‘ нема да биде она што го направи...

1963-та

Еј бабо, кажи ми дали е нешто сменето од времето на потресот, земјотресот кои ги смени вашите животи? Дали темелот на зградата е ист, како на системов?  “Исто е сонцето, исти се деновите, исто е небото, само средствата за опстанок се помали...” “Не синко, се е сменето, сега е многу полошо времето, и помал е денот... и празни се зборовите,што ти сега ги говориш во песните......” Но бабо јас не се предавам, не сакам да знам, само сакам овој свет да биде подобар за мене и за тебе. Но дали ќе успеам? Дали ќе отрезнам некого? Дали се што зборам е залудно? Дали секој збор е џабе потрошен? Дали ќе останат траги на земјата? Никој не знае... Тотална нестабилност, самоуништување, бес и гнев го мачат овој свет. Сега не има, утре ќе не нема, по следната одлука на твојот и мој председател...

Мојата република

Имам план да освојам дел од светот... и во мојот дел ништо нема да биде божјо и свето. таму луѓето ќе лежат по цел ден... никој нема да работи, секој ден републиката ќе слави роденден. На.. на на.. на на.. на мојата република. На на.. на на.. на.. нашата република. Имам план да освојам дел од светот. Во тој дел ќе можеш да правиш се што ќе посакаш... легални дроги (доколку сам си одлучил така), легален алкохол, гласна музика насекаде... нема да посакаш да си одиш.. Ааа јеа јеа На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република Нашата република нема да има граници, а сепак нема да примаме недобредојдени... ако не им веруваш, на песните и моите зборови тогаш оди си примаме само луѓе.. кои веруваат во нашите зборови.. (и идеологии) Ааа.. јеа јеа јеа. На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република Имам план да го освојам светот. Сакам сите да се еднакви. Да нема знамиња, граници и националности. Затоа се борам секоја... ебана секунда, од животот, од животот се додека, се додека... се додека се гледаш во огледало се мразиш ли, се мразиш ли? се додека... се додека... се додека ти мразиш некого, се мразиш сам. На.. на на.. на на.. на мојата република На на.. на на.. на.. нашата република ТВОЈАТА РЕПУБЛИКА!!!

На што си толку горд?

На што си толку горд? Дали се чувстуваш супериорен, над сите? Полудуваш! Некој тука живее без парче леб, а и татко ти не вози ферари кабриолет. (Еееее.....) На што си толку горд? На што си толку горд?

Лага

Ако сега ги тргнеме маските на лицата ќе ги забележиме лузните. Се трудиме да ги избришеме солзите дали се лажеме - дека среќни сме? Уште една лага меѓу нас меѓу вас лажи ме, ќе те лажам и јас и ќе бидеме среќни засекогаш во илузија. Во огледалото нема лик. Сите сме (јас и ти) безлични, неспособни, неискрени...во заблуда тонеме, се гушиме, пропаѓаме се повеќе и повеќе...и повеќе, и повеќе и повеќе и повеќе... повеќе... и повеќе (и повеќе) и повеќе (и повеќе) и повеќе (и повеќе) и повеќе...

Самоубиствена мисија

...и погледни ја пепелта, остатоците од војната на тој голем воен патриот. Омразата е производ на измислени белези кои ги разделуваат лугето. Не сакам да те мразам само затоа што некој не разделил со граница... Не сакам да те убијам, не сакам да бидам дел од апсурдната воена кланица... Не верувам во граници, ни во нација Не верувам дека веруваш во самоубиствена мисија. Само уште еден ден, уште стотици убиства... уште една бесмислена контрола врз марионети што ги водат сите оние, за чиј авторитет не се ни запрашуваш... Сите сме контролирани од големата невидлива рака. Конзумираш омраза, вриштиш и повраќаш стануваш зависен од омраза и посакуваш. Сакаш ти да убиваш (Сакаш ти да убиваш) сакаш ти да уништуваш (Сакаш ти да уништуваш) сакаш ти да замразиш (Сакаш ти да замразиш) сакаш ти да те замразат (Сакаш ти да те замразат). Сакаш ти да убиваш. Сакаш ти да уништуваш. Сакаш ти да замразиш. Сакаш ти да те замразат. До кога, до кога, до кога, до кога, до кога??? Ќе копаме гробови (едни на други)? Зарем вреди да се умре веќе закопан?

ЕВОЛУЦИЈАТА БИ ТРЕБАЛО ДА ЗАПОЧНЕ СЕГА... (2006)

Брза фонија (Само што не снимивме фонија...)

Живеам, се смеам, слободно си пеам, никој не ми кажува што да правам. Овде сум да свирам, вас да ве смирам, со главите удрете посилно во ѕид...

Омраза

Што не е во ред со општеството? Дали некој размислува? Овој свет е многу очаен, секој човек те потценува. Види ме мене како пропаѓам, види ме како умирам... Но, во себе јас верувам и за себе живеам. Секој ден јас живеам за себе и никој друг. Но, секој час го губам мојот дух. Веке се - се заборавив. Но јас не се изгубив во овој круг... Што не е во ред со лу”ето? Зошто се сите толку одбивни? Овој свет е полн со омраза, и тоа ми создава лутина. Види ме мене како пропаѓам, види ме како умирам... Но во себе јас верувам, и за себе живеам. Секој ден јас живеам за себе и никој друг. Секој час го губам мојот дух. Веке се - се заборавив. Но јас... не се изгубив во овој круг...

Parasite

Nowhere to go, you've got no fuckin' place to hide. Look at yourself, you look like shit, you know it's right. Why don't you help yourself, and see the light? Born like a plague - a parasite. Somehow, I know that something true I cannot find. Somehow I see the vision of this parasite.

Сакам промена (Си пробал ли да размислиш?)

Си пробал ли да размислиш, зошто лошо живееш? Зошто не сакаш да пробаш да се промениш? Кога ли ке сватиме, за себе живееме, градиме свои ставови, правиме свои избори. Јас знам, дека имам нечиста совест но далеку сум посвесен од нив. Јас знам, мојата желба е мала но јасна, сакам промена. Си пробал ли да размислиш, општеството те убива, овој систем те измачува и те погубува. Дискриминација, (насекаде) злоба и предрасуди... нели чувствуваш болка и омраза? Јас знам, дека имам нечиста совест но далеку сум посвесен од нив. Јас знам, мојата желба е мала но јасна, сакам промена.

Мојот пат

Дома седам и размислувам - зошто ли воопшто јас постојам? Дали имам цел во животот или само мрачно минато. Немој веќе да ме навредуваш и немој веке да ме потценуваш. Го знам мојот пат во животот, сам го одбрав и ке го следам доживотно. Досадни луге, живи мртовци. Живеат добро без замисли. Дали само твојот живот е начин на страдање? Немој веке да ме навредуваш и немој веке да ме потценуваш. Го знам мојот пат во животот, сам го одбрав и ке го следам до крајот на животот. Немој веке да ме навредуваш, немој веке да ме потценуваш мојот избор е единствен, и патот по кој ги движам чекорите. Немој веке да ме посеруваш, немој веке да ме потценуваш мојот избор е единствен, немој повеке да ме навредуваш.

За другарите, скејтот и гитарата (и водата во колено...)

Имам скејт и гитара, “емо” капче и немам брада, свои правила, свој свет, свои стихови. Кога одам по улица луѓе ме гледаат, и некои се чудат, некои ги јадат гомната (не разбираат...). Но позитивно живеам, свирам, пробувам да се смеам и (да) пеам понекогаш. Секогаш до тебе, секогаш со тебе имаш гитара, скејт и другари. ...и АААААЛКОООООХООООООЛЛЛ...

Деградација

Деградација... во овој улав свет на безмислица... тонеме. Уништување и секој во своето срање се дави пред умирање... Зошто сум јас роден сакам да знам? Зошто постојам? Дали ова е реалноста или сонот на глупоста? Деструкција... луге без совест заслепени од љубовта господова. Живот без... живот без трошка надеж со омраза, без слобода. Зошто јас овде сум роб сакам да знам, зошто постојам? Дали животот ми нуди промена или засекогаш ќе робувам. Деструкција...?

Гасна комора

Овдека сега се изумира, затворени (заробени) сме се гушиме полека, го чуствувам крајот доаѓа, затворени (заглавени) во комора на омраза... Затворени во мала просторија,
поради туѓа предрасуда, невини во нивните очи највиновни, крив ли сум што сум роден различен?

Мозочна терапија

Кога беше мал, тој беше толку осамен, и очаен. И секој ден, го тепаа “(не)пријателите” од улицата. Секој ден, се молеше да престане болката, солзи од крв насекаде, тотално (беше) уништен. Разочаран од себеси ти стана некој кој може да ја одлучи мојата казна, мојот грев да го осуди... Сега тој порасна и реши да ја превземе улицата. Денес тој е претворен во бранител на системот, Децата од него бегаат, бидејки тој има капа и значка, супериорна раса за лечење мозок. Разочаран од себеси си станал некој кој може да ја одлучи мојата казна, мојот грев да го осуди...

Празнина

Кажи ми.... зошто се молиш? Дали љубовта господова ти дава утеха? Зошто кога си слаб, името го повикуваш. Но, зарем не гледаш дека се е само празнина. Сеуште не еволуиравме, сеуште не свативме, беда сегде нема адаптација... атеисти каде сте не сакам да сум дел од оваа алиенација. Бенефиции нема, експлоатирани сме, сегде егоисти и борба за доминација. Еколошка криза, нема екосвест. Етничка идентификација? Лажен свет на глупост се чуствувам како да живеам во палеолит. Луге без совест... веронаука во школото... Античка глупост кога ке сватиме... Дали симболот на вербата е крстот? Дали живееме во забеган свет? Дали има некој жив што ме слуша? Дали некој ке направи промена??? Сеуште не еволуиравме, сеуште не свативме, беда сегде нема адаптација... атеисти каде сте не сакам да сум дел од оваа алиенација. Бенефиции нема, експлоатирани сме, сегде егоисти - борба за доминација. Еколошка криза нема екосвест. Притисни го копчето и уништи нација? Сеуште не еволуиравме, сеуште пропагаме, таму доле - длабоко во срањата. Само песимизам, угнетување... Грег Грефин рече нема супстанција:) Бенефиции нема експлоатирани сме. сегде егоисти борба за доминација. Капиталот е беда а нема промена. Притисни го копчето и уништи нација. Уништи нација! Еволуцијата нека започне...

Тотално сам

Сам на овој свет, толку осамен никој не ме прашува како ми е. Без желба за живот јас сум очаен. Сам на овој свет, толку изгубен. Останав сам дури и без тебе... Дали ти размислуваш, сега се се распаѓа. Дали те повредува реалноста? Колку е суров овој свет, а сите исти сме. А сите ние исти сме. Колку повеке разбирам, толку сум понесрекен.

Нем

Дел I “Засекогаш ќе остане љубовта” Колку е одвратно чувството да си осамен, да си сам во мракот на очајот потонат... Чувствувам дека ми фали мирисот, и нежноста на твојот допир на оваа изгорена кожа... Колку сме далеку но сепак заедно... Се запрашувам дали треба да се сомневам во љубовта која ја имаме и останува... останува засекогаш... и кога нема да постоиме ти и јас. Колку е ужасно и безсмислено кога заминуваш кога останувам сам... Не оди си... Остани (те молам остани) ти ветувам ке се борам за љубовта. Колку е одвратно чувството да те нема. Од болка изгорен и уништен во душата. Колку е проклето чувството кога ја нема љубовта... ...зар не е се што имаме. Љубовта... е се за што постоиме. Дел II “На светот не му е потребно нашето совршенство/Нем” И сега нем стојам пред вашите спомени, го слушам шепотот на нашите кажани зборови. Се кршам ко стакло низ кое чекам пак да поминеш. Прелиено со крв, чека пак да се исечеш. Зар не гледаш каков е овој свет, очаен. Само молчиме и посакуваме, да се разбудиме во розевото совршенство... Само нека не те води разумот туку срцето. Живеев во заблуда дека сме совршени, но сега гледам појасно, очите мои ти ги отвори. Не јас не сакам да бидам совршен, но пробувам да се стремам кон идеал, но зарем сите не пробуваме.. Јас само сакав да се извинам за апсурдноста на моето безначајно постоење, се тресам сега откога ти дадов се, но можеби малку ти е? Зар не гледаш каков е овој свет, секој гледа да те заебе а јас се борев за тебе и ти имаше се но потфрли, и се потчини на лагата... Погледни ме, јас немам љубов повеке, осакатен, прободен плачам за прв пат и сакам да е последен, се прашувам дали совршенството постои? Се плашам дури и да го напишам текстов до крај, знам срцето нема да го промени... Па остани, погледни ме, и кажи ми, во очите... И сега нем стојам пред твоите зборови. И се надевам дека не ги заборави, сите моменти...

Моментот на заборав

Ако си осуден и конфузен пробај ти заборави баш се, баш се... Трагедии насекаде во овој свет. Пробај на момент да заборавиш.

Сон (Лажна визија на твојот лик)

Лежејки на креветот кај мојот психијатар, го гледам сонцето низ прозорот (и се чувствувам уморно) како да сака да ми каже нешто...? Овој сон во кој се будам, во кој длабоко се трудам, да останам трезен, сликата што ја гледам ми се тресе... Лежејки на креветот надвор од ивиците на реалноста губам контрола во сенките на стварноста тивко тонам и полека умирам... Губам визија за она што се случува, а психијатарот се смее, (со цинична насмевка) ми вели сега е тој момент... Но јас ништо не го сваќам. Не јас ништо тука не разбирам (во овој свет). Во еден момент на конфузија, ме удри блесок на илузија. Лежејќи на креветот само гледам кон

сонцето и се чудам дали ова е вистина, или само грд сон од кој неможам да се разбудам...